Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија и врати на Хрватска, Гаџа повторно се запиша во листата на стрелци
Русија и врати на Хрватска, Гаџа повторно се запиша во листата на стрелци

Русија и врати на Хрватска, Гаџа повторно се запиша во листата на стрелци

Продолжуваат подготвителните натпревари за ракометните репрезентации во пресрет на претстојното Европско Првенство. Русија и врати на Хрватска за првиот пораз и на вчерашниот натпревар забележа победа со резултат 26:28.

Анте Гаџа беше играчот кој започна во стартната постава за репрезентацијата на Хрватска, кој имаше идентичен учинок како и на претходниот натпревар. Во првото полувреме и двете репрезентации имаа свои добри периоди на игра, менувајќи се постепено во водство. Сепак на полувреме, домашната репрезентација на Хрватска беше во позитива од два гола (13:11).

Во вториот дел, момците на Хрвоје Хорват стигнаа и до три гола предност 19:16, но Русија направи серија од 1:5 и поведоа со 20:21 и од тие моменти како да ја превзедоа контролата на играта. На четири минути пред крајот имаа и предност од 24:26 и оваа разлика ја задржаа до финишот на натпреварот, кој го добија со резултат 26:28.

Анте Гаџа повторно беше стрелец за својата репрезентација, постигнувајќи два гола.