Кадетките на ЖРК Вардар веќе ги трошат последните денови од зимскиот одмор, Анжела Платон и Папуџиева Марија веќе во понеделник, 10.јануари ќе прозиваат.
Вардарки започнуваат со зимските подготовки во понеделник во Спортскиот центар „Јане Сандански“, не очекуваат предизвици во лигата каде по есенскиот дел сме лидери во кадетската група. Имаме максимален број на бодови, пласманот на Ф-4 останува само да се потврди. За измените во персоналниот дел на тимот ќе ве известиме по првиот собир на младите црвено-црни дами.