Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров убедливо најефикасен играч кај Вардар, на натпреварите во ЛШ
Тимур Дибиров убедливо најефикасен играч кај Вардар, на натпреварите во ЛШ

Тимур Дибиров убедливо најефикасен играч кај Вардар, на натпреварите во ЛШ

Екипата на РК Вардар 1961 пред продолжение на пролетниот дел од сезоната во Лигата на Шампионите, се наоѓа на претпоследното 7.место во групата со само 5 освоени бодови. Одлично ја стартувавме сезоната кога после три одиграни натпревари имавме две победи и еден нерешен резултат, но следеше лоша серија од седум последователни порази, кои не истуркаа до седмата позиција во групата А.

Што се однесува до листата на стрелци кај Вардар, на настапите во Лигата на Шампионите во есенскиот дел, најдобар стрелец на црвено-црните е Тимур Дибиров, додека на второто место е пикерот Жереми Тото. Погледнете во продолжение како изгледа листата на стрелци кај Вардар.

1. Тимур Дибиров  58

2. Жереми Тото  33

3. Кевин Њокас  31

4. Анте Гаџа  28

5. Оливие Њокас  26

6. Куни Моралес  21

7. Филип Талески  16

8. Стојанче Стоилов  14

9. Анте Кудуз  13

10. Дарко Ѓукиќ  13

11. Бакари Диало  9

12. Патрик Валчак  8

13. Гоце Георгиевски  6

14. Јан Чувара  5

15. Али Сафар  1