Хрватската ракометна репрезентација одигра контролен натпревар против Русија, како подготовка за претстојното Европско првенство.
Избраниците на Хрвоје Хорват во најголем дел од натпреварот имаа предност и на крајот заслужено стигнаа до победата. После 11.минути игра веќе поведоа со 6:2, додека на средината на првото полувреме имаа и највисоки пет голови разлика, резултатот на семафорот гласеше 9:4. Позитивата ја задржаа до крајот на првиот дел, кога на одмор се замина со водство на Хрватска од 15:12.
Иако настапија без главните играчи, како Дувњак и Циндриќ, сепак Хрватска покажа дека е поквалитетна репрезентација од Русија. Не само што го задржаа водството во вториот дел, туку и го зголемуваа, за конечна победа изразена со резултат 30:24.
Единствениот вардарец на овој натпревар беше Анте Гаџа, кој успеа да постигне два гола од три обиди кон голот на Русија.