Женската одбојкарска екипа на Вардар гостуваше во салата ОЗУ “Димитар Влахов“ во Струмица. Наш домаќин беше тимот на ОК Наковски Волеј, на дуелот од 5.коло од втора фаза.
Црвено-црните дами дојдоа до победа со максимални 0-3 на ова гостување. Првиот сет го добивме со резултат 10-25, предноста во сетови ја удвоивме со победа во вториот од 16-25. Лесно се справивме и во последниот трет сет, кој го добивме со 12.поена повеќе (13-25).
Вардарки се лидери на табелата со 30.бодови по одиграни 11.кола во сезоната 2020/2021. Досега црвено-црните дами имаат 10.победи и само еден неуспех на своето конто во оваа сезона.