Судии од Хрватска ќе ја делат правдата на вториот натпревар меѓу екипите на Елверум и Вардар кој ќе се одигра утре со почеток од 18:45 часот.
Дуелот на кој Вардар е условно како гостин, по договор на двете екипи ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Првиот дуел заврши со нерешен резултат 34:34.
ЕХФ за судии ги делегираше хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.
Вардар нема победа на последните седум натпревари во ЛШ, односно има скор од една победа, два нерешени резултати и шест порази.