Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > (ФОТО) Вардаровите надежи одиграа без победник на контролниот дуел со Кадино
(ФОТО) Вардаровите надежи одиграа без победник на контролниот дуел со Кадино

(ФОТО) Вардаровите надежи одиграа без победник на контролниот дуел со Кадино

Денес на теренот во Марино, пријателски натпревар одиграа екипите на Вардар и Кадино. Тимот на Вардар, со исклучок на голманот Игески, Велковски и Реџепи, беше составен од играчи кои се родени 2002 и 2003 година.

Натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1. Тимот на Кадино кој се натпреварува во втората македонска лига прв го отвори резултатот, додека црвено-црните израмнија со погодок од слободен удар, дело на Фитор Реџепи. Пред крајот на дуелот прекрасна интервенција имаше нашиот голман, Лука Стојковски кој спречи пораз за младиот тим на Вардар.

152815813_10219091651504375_8603400797053011676_o 152895834_10219091649344321_2005418419072378309_o

Ова беше одлична контрола за овој состав на Вардар, во кој има играчи кои конкурираат за место во првиот тим на Вардар.

Вардар: Игески, Петејчук, Мицевски, Ѓоргоски, Давков, Ѓоргиевски, Давидовски, Хасани, Велковски(C), Мирков и Парталко.

Во игра влегоа уште и Стојковски, Трпезановски, Јовановски, Реџепи, Тасевски, Марковски, Салиу, Асани и Исени.

153040480_10219091663664679_2327736592223218676_o

153129478_10219091663464674_4300961773397940859_o

Екипата ја предводеше Филип Ивановски и Бобан Грнчаров, додека присутни беа и Никола Илиевски, Саша Илиќ, Златко Таневски и Никола Глигоров.

153620655_10219091650304345_7077763424213643892_o