Денес на теренот во Марино со почеток од 14:00 часот пријателски натпревар со првиот тим на ФК Кадино ќе одиграат кадетите/младинците на ФК Вардар.
Вардар кој ќе биде составен од играчи кои се родени 2002/03 година под водство на Филип Ивановски, денес ќе ја одиграат првата контролка во новата година. Во составот ќе бидат и играчите кои беа на клупата за резерви на првиот пролетен дуел за Вардар во ПМФЛ, како Давидовски, Мицевски и Хасани.
Денес првиот тим на Вардар има слободен ден, а за младите вардарци пријателскиот натпревар со Кадино ќе биде силен тест пред стартот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона. Натпреварот најверојатно ќе го проследи и шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим, Никола Илиевски-Џиџи, кој полека ги запознава младите играчи, кои треба во продолжение од сезоната да го понесат товарот во борбата за обезбедување опстанок во најсилната македонска лига.