Денес, сабота (27/11/2021) во 7.коло од втората лига, девојките на ЖОК Вардар ЕМ ќе бидат домаќини и ќе се обидат да го задржат 100% ефект во лигата. Вардарки имаат пет победи на исто толку одиграни натпревари во втората сениорска лига.
Денес во спортскиот центар „Форца“ дуелот започнува во 15-00 часот. На истиот наш гостин е тимот на ОК Виктори Волеј, екипа која доаѓа од Струмица.