Денес на теренот во Ѓорче Петров, одложените натпревари од 6.коло ги одиграа пионерските екипи на ФК Вардар. Помладите пионери успеаа да дојдат до три бода, славејќи минимална победа, додека пионерите беа убедливо поразени од домашниот тим.
Помладите пионери успеаа да стигнат до уште една победа во првенството. Еден гол го реши натпреварот со Њу Старс, истиот заврши во мрежата на домашната екипа. Во 65 минута прецизно од слободен удар од некаде 18.метри погоди Дарко Сековски, откако претходно беше направен прекршок врз Анастасов. Се играше цврст натпревар од страна на двете екипи, немаше многу шанси за погодок, сепак Вардар ги однесе бодовите од овој натпревар. Како посериозна закана на натпреварот ќе ја запишеме и онаа на Сековски, кога имаше добра позиција, но не реализираше, сепак истиов играч подоцна ни донесе и водство, кое на крајот се покажа вредно и триумф.
Вардар: Краљевски, Миовски, Јанкоски, Порчу (К), Ајтетовиќ, Величковски, Сековски, Нурединовски, Николовски, Лефковски, Танчев.
Играа уште и Николов, Цониќ, Анастасов, Крстевски и Брзаковски.
Пионерите доживеаа непријатен пораз од екипата на Њу Старс. Домашниот тим неочекувано победи високо со резултат 4:0. Во 39 и 43 минута домашниот тим успеа да поведе преку Христијан Стојановски и Даријан Трајчов. На стартот од второто полувреме, по само три минути игра предноста на 3:0 ја зголеми повторно Трајчов, за конечните 4:0 на натпреварот од пионереската Супер лига да ги постави Кристијан Теновски.
Вардар: Илиевски, Трајчевски, Фидановски, Митревски, Серафимов, Јакимовски, Спасиќ, Алији, Цветков (К), Кузмановски и Бундалески.
Во игра влегоа Кулуковски, Николовски, Туша, Цикарски и Јаневски.