Кадетскиот тим на ЖРК Вардар ја започна сезоната, вистински предивик за нивниот тренерски двоец Платон и Папуџиева беше оваа сезона. Тие во истата мораа да тргнат со „реновиран“ тим, без десетина девојки кои преминаа во сениорскиот ракомет, дел во црвено-црниот тим дел во други тимови со многу „новајлии“. Сепак покажаа дека се махери за создавање на шампионска атмосфера и со видоизменет состав тргнаа со победа. Во првото коло на домашен терен високо ја совладавме екипата на Ѓорче Петров-ЖРК со високи 9 гола, односносно со 35-26.
Најпрвин двата тима отворија со по еден гол за почетни 1-1, тоа беше прв и последен пат ривалот да има позитивен резултат. Во одбраната заигравме поорганизрано, Ѓорѓиевска фати неколку удари, тоа во напад беше наградено со серија 5-0 за високо водство (6-1), стрелаа Радевска, Стојанова, Попова и Миланова. Игравме одлично во продолжение до крајот на првиот период не дадовме ривалот да ја загрози нашата предност и на одмор заминавме со пет гола повеќе, за време на паузата на семафорот во „Јане Сандански“ стоеше 19-14 за црвено-црните дами.
Вардаровите кадетки на самиот почеток од вториот дел не дозволија ривалот да проба да се врати во игра, веднаш тргнавме во напад. На нивните три гола одговоривме со дури седум во нивната мрежа и отидовме на недостижни девет гола по десетина минути ракомет (26-17). Се беше решено, тимот го положи испитот, повторно Вардар игра онаков кадетски ракомет како што сакаат Платон и Папуџиева, тимски, борбен со колективно ангажирање на сите ракометарки. Победивме со високи 35-26 на оваа средба.
Први стрелци беа две девојки од „старата“ постава со по седум гола, Бојана Радевска и Сара Стојанова, само гол помалку имаше Андреа Миланова односно 6 , бекот Наталија Максимовска впиша 4 гола, надежната Миа Маринчов зад своето име имаше 3 гола. Три девојки имаа 2ки: Мила Крагељ, Нина Попова и Теодора Ангелова, по еднаш стрелаа Михаела Велјановска и Ангела Шехтанска.
Имавме одлични голмани, девојката која го искуси и сениорскиот ракомет Вероника Ѓорѓиевска одбрани 10.удари, свој продонесе даде и Тамара Ѓорѓиева со сопрени четири топки.