Денес во рамките на 12.коло во ракометната машка Супер лига, екипата на РК Вардар 1961 гостува кај екипата на РК Скопје 2020.
Натпреварот ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски со почеток од 18:00 часот. За судии се делегирани Глигор Ќаев и Спаско Ќаев од Скопје, додека делегат ќе биде Драган Начевски.
Вардар е апсолутен фаворит против новиот суперлигаш, тимот на Скопје на 11 одиграни натпревари има исто толку порази. Стрим од натпреварот можете да погледнете на линкот, ТУКА.