На Вардар не му оди најдобро во Лигата на Шампионите. Црвено-црните се наоѓаат во лоша серија од пет последователени порази, со кои си го отежнуваат патот до пласман во осмина-финалето.
Сепак, Вардар може да се пофали што после осум одиграни кола го има најдобриот стрелец во ЛШ. Се работи за Тимур Дибиров кој е водечки на листата со вкупно 52 постигнати голови. Зад него е Дика Мем од Барселона со 50 погодоци. Третото место го делат Микел Хансен (ПСЖ) и Никлас Екберг ( Кил) со 49 постигнати голови.