Ни пристигна една убава вест од борењето, рехабилитациониот процес е успешно завршен за вардарецот Халил Зубаиров. Овој борач на црвено-црните и македонски репрезентативец во борење имаше сериозни проблеми со здравјето добиени во една несреќа, но силното вардарово момче го мина тоа премрежје и се исправи повторно пред предизвикот да се бори за норма која ќе го однесе на Олимпијадата во Рио. Тој доби дозвола од “Московскиот медицински институт“ да почне со тренинзи и мечеви. По повод оваа навистина прекрасна вест шефот на стручниот штаб на БК Вардар. професорот Љубиша Пешко ни го изјави следното:
Навистина многу е пропуштено од подготвителниот период, за да се учествуваме на лиценцираните турнири, каде што треба да се изборат норми. Решивме со Зубаиров да ги пропуштиме 2 турнира во Србија и Монголија и да се сконцетрираме на последниот светски нормативен турнир во Истанбул кој ќе се одржи од 5 до 9 Мај , на кој што се надеваме на финале и да ја освоиме долго посакуваната олимписка норма. Халил има навистина голема желба и ќе даде се од себе успешно да не претстави на турнирот во Турција и да не израдува со олимписка норма за летната олимпијада во Рио-2016. Според анализите од последното Светско и Европско првенство , уверени сме во способностите и квалитетите на Халил дека ќе успее во тоа.Разговарано е и со директорот на ФБСМ за дозвалата на Халил, исто така запознаени се раководството на ФБСМ за медицинската дозвола и настапот во Истанбул
Да напоменеме дека од 14-18 април Европската елита се на собир во Зрењанин, каде што за Македонија ќе се борат да освојат олимписка норма: 57 кг Лабазан Аскербиев, 65кг Дејан Митров, 97 кг Могамедгаџи Нуров и 125 кг Бобан Данов. Им посакуваме успешна презентација и да се пласираат во финале, кое ке ги однесе во Рио- Заврши професорот Пешко.