Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Недела е денот “Д“ , му требаме на ФК Вардар сите на стадион
Недела е денот “Д“ , му требаме на ФК Вардар сите на стадион

Недела е денот “Д“ , му требаме на ФК Вардар сите на стадион

Во недела вистински фудбалски предизвик следува за црвено-црните избраници на Гоце Седлоски, тие се домаќини на најсилната екипа после нас во лигата, нашиот единствен конкурент за пехарот тетовска Шкендија. По последното одиграно 26 коло во кое гостувавме кај кратовски ФК Силекс сами си ги закомплициравме работите на шест кола до крајот. За жал и покрај двата досудени пенала не успеавме да извлечеме бодови со кратовчани противник кој незнае за победа над нас веќе 14 меча или од цели шест години од 2010 година кога последен пат црвено-сините однесоа победа со скопјани.

Покрај нашиот пораз, во Тетово на мечот кој се играше на градскиот стадион на ревитализирана подлога во тетовското дерби нашиот конкурент Шкендија ја победи екипата на ФК Ренова со 3-1 со што освои три бода, и по нашиот неочекуван “кикс“ во Кратово  и ни се доближи на само два бода предност. Во неделниот меч мора да победиме од неколку причини првата е тоа што со пет бода на пет кола до крајот односно во т.н плеј-офф ќе влеземе со солидна бодовна “залиха“. Втората причина е што при евентуален пораз би морале  повторната средба во плеј-офф фазата со тетовскиот прволигаш да го играме во Тетово, а не во Скопје како што би можеле доколку однесеме триумф. Фановите, а пред се навивачите на Вардар оваа сезона и баш на овој натпревар му се од исклучително потреба и значение. Затоа сите вљубеници во црвено-црните свети бои мобилизирајте се, за во недела да дадеме поддршка на нашите момци и да ги “вивнеме“ кон нова титула- Шампион на Македонија во фудбал.