Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Пред една година девојките од ЖРК Вардар пречекани како херои откако го симнаа од тронот европскиот шампион Ѓер
(ФОТО) Пред една година девојките од ЖРК Вардар пречекани како херои откако го симнаа од тронот европскиот шампион Ѓер

(ФОТО) Пред една година девојките од ЖРК Вардар пречекани како херои откако го симнаа од тронот европскиот шампион Ѓер

На овој ден лани  по величествениот меч во Ѓер и одличниот успех кога се исфрлени шампионките на Европа и обезбедивме Ф-4 завршен турнир во Будимпешта девојките се вратија во Скопје каде беа пречекани како херои од своите фанови.

Тие по слетувањето на аеродромот Александар Велики,   црвено-црните девојките  од женската ракометна секција на Вардар се упатија кон својот дом Спортскиот Центар Јане Сандански каде имаа прекрасен пречек од поголем број на фанови. Фановите со еуфоричен пречек им се заблагодарија за историскиот успех на девојките на Индира Кастратовиќ  кој во мечот кога се сретнаа со најсилниот тим во Европа направија огромен подвиг.

vardarfans dom

И годинава  вардарки се учесници на завршниот фајналфор турнир , девојките во петок ќе го дознаат својот противник во 1/2-финалето. Се надеваме дека од трет обид вардарки ќе успеаат да обезбедат пласман во големото финале во Л.Ш.

фото: zrkvardar.mk