Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар во борба за финалето од купот на Македонија
Пионерите на ФК Вардар во борба за финалето од купот на Македонија

Пионерите на ФК Вардар во борба за финалето од купот на Македонија

Утре со почеток од 12 часот на стадионот на Железарница ќе се одигра реванш натпреварот во рамките на полуфиналето од купот, помеѓу пионерите на Вардар и Металург. Двете екипи ќе стартуваат со почетниот резултат 0:0, кој беше актуелен на првиот натпревар, на кој Вардарци беа домаќини на теренот во Марино. Инаку овие две екипи во есенскиот дел одиграа првенствен меч, кој им придна на црвено-црните со резултат 3:1. На тој дуел во рамките на 9 коло од лигата, на теренот на локомотива победивме со двата гола на Марко Ѓорѓиевски и еден на Јакуп Бериша. Оваа сезона нашиот состав многу подобро “котира“ на првенствената табела, на која се наоѓаме на првото место со вкупно освоени 37 бодови, додека екипата на Металург се наоѓа на петтото место со 23 бодови.

Квалитетот е на страната на Вардар, но противникот го има домашниот терен, а и резултатот од првиот меч им дава за право на двете екипи да се надеваат на пласман во големото финале. Инаку ова е речиси истата екипа со неколку промени во играчкиот кадар, кои минатата сезона како помлади пионери станаа освојувачи на националниот куп. Ние се наоѓаме во добра форма, за што говорат трите послдователни победи во лигата, од која последната беше издвојувана во Тетово, во дуелот со екипата на Шкендија.