Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати сите учесници на завршниот турнир во Будимпешта
Познати сите учесници на завршниот турнир во Будимпешта

Познати сите учесници на завршниот турнир во Будимпешта

Изминатиов викенд се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналето во женската лига на шампиони, по што беа познати сите учесници на завршниот турнир во Будимпешта. Вардар, ЦСМ Букурешт, Ѓер и Будуќност ќе се борат за приматот нов европски владател.

Можеби најголемото изненадување го приреди екипата на ЦСМ Букурешт од Романија, која успеа да го елиминира Ростов Дон и тоа со победи на двата натпревари кои завршија со минимален резултат. Русинките се сметаа за големи фаворити во овој двомеч, поради фактот што во двете групни фази беа единствените кои немаа доживеано неуспех. Поразите дојдоа во најлош момент за Ростов, кои не успеаа на реваншот да ја надоместат негативата од само еден гол по првиот натпревар. Ниту осумте гола на Екатерина Илина не беа доволни за триумф. ЦСМ Букуреш славеше нова победа со резултат 28:29. По првото полувреме имаа солидни пет гола предност (11:16). Родригес постигна 7, додека Гилден 6 погодоци.

Вардарки и покрај поразот во Ларвик, по трет пат обезбедија пласман на завршниот турнир. По едно полувреме им припадна на двата тима. Норвешкиот шампион добро стартуваше со водство од 4:1, но црвено-црните покажаа дека тоа беше само лош старт и во продолжение ја преземаа предноста, за на полувреме да се замине со резултат 11:13. Мало опуштање во второто полувреме, донесе Ларвик на крајот да забележи триумф. Повторно во нашите редови се истакна Лејно со 18 одбрани, додека Радичевиќ и Морк беа најефикасни со по 7 погодоци.

Унгарскиот двобој во четвртфиналето им припадна на Ѓер, кои со вкупен резултат од 71:41 го елиминираа тимот на ФТЦ Будимпешта. И на реваншот во Ѓер, домашната екипа не пропушти ништо на случајноста и забележа нова победа со 40:23. ФТЦ ни од блиску не беше достоен противник на својот најголем ривал во домашното првенство, па на крај мораше да му честита на подобриот од овој двомеч, екипата на Ѓер која по пауза од една година се враќа на учествата на завршните турнири. Да потсетиме дека минатата сезона во 1/4 избраничките на Мартин Амброс беа елиминирани токму од Вардар. Најефикасна во реваншот со ФТЦ беше Локе со 7 гола.

Актуелниот европски првак, екипата на Будуќност и оваа сезона ќе ја има можноста да ја брани титулата во лигата на шампиони. Кристина Неагу со 10 постигнати голови ја предводеше својата екипа до победа, со резултат 32:25. Баја Маре имаше сили само за едно полувреме, кога на одмор се замина со нивно водство од 13:14. Избраниците на Драган Аџиќ очекувано ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено се најдоа на Ф4.

Двојките за полуфиналните натпревари ќе бидат извлечени во петок, додека завршниот турнир на најдобрите четири екипи ќе се одигра на 7 и 8-ми мај во Будимпешта. Ова ќе биде третто последователно учество за Вардар и третта среќа за искачување на врвот на Европа.