Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победите против Шкендија донесоа прво место за пионерите и младинците, додека кадетите и пом. пионери се во силна борба за титулата
Победите против Шкендија донесоа прво место за пионерите и младинците, додека кадетите и пом. пионери се во силна борба за титулата

Победите против Шкендија донесоа прво место за пионерите и младинците, додека кадетите и пом. пионери се во силна борба за титулата

Изминатиов викенд се одиграа натпреварите од 16 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник ни беше екипата на Шкендија, која е наш најголем конкурент за титулата во сите генерации. Беа забележани три победи и еден нерешен резултат.

Помладите пионери беа единствените кои не освоија бодови во дуелот со Шкендија. Иако имавме на два наврати водство од 1:2 и 2:3, на крајот сепак го загубивме мечот со резултат 4:3. Овој пораз значеше и губење на првото мсто на табелата, откако екипата на Работнички го победи Металург во уште едно дерби во оваа генерација и изби на врвот на табелата. Поради подобрата гол разлика, Шкендија сега е второпласирана а Вардарци се трети. Нема многу време за размислување, битката за титулата ќе биде отворена до крајот на сезоната и речиси ќе се решава можеби во последните минути од последното 22 коло. Нов испит за црвено-црните кој треба да се преброди е екипата на Шкупи, која ќе гостува викендов на теренот во Марино. Работнички ќе биде домаќин на Милано, додека Шкендија ќе ја пречека А. Пандев.

Пионерите можеби ја остварија најголемата победа, бидејќи беше остварена на гостински терен. Единствениот погодок беше дело на Саит Битиќи. Со овој триумф избраниците на Сашо Тодоровски се најдоа на првото мето на табелата, истиснувајќи ја екипата од Тетово дури на треттата позиција, откако Шкупи победи на гостувањето против Еуромилк. На табелата станува се погусто. Вардар е прв со еден бод повеќе од Шкупи и два од екипата на Шкендија. Во следното коло можеме да решиме некои работи и да отстраниме еден од директните конкуренти за трофејот, кога на домашен терен ќе го пречекаме Шкупи, во директен судир за титулата. Шкендија ќе се обиде да ги залечи раните и да се врати на победите во дуелот со А.Пандев.

-Кадетите се можеби најголемото изненадување во пролетниот дел од сезонтата и наша најдобра генерација во овој дел од сезоната. Избраниците на Влатко Колев имаат остварено четири победи и само еден нерешен резултат. Добрите резултати не донесоа на добра позиција на табелата и во добра ситауција во пресрет на продолжението од сезоната. Металург е сеуште лидер во оваа категорија, но сега со само еден бод повеќе од црвено-црните кои се израмнија на бодовното салдо со екипата на Шкендија. Во следното коло ќе имаме тешка задача на гостувањето во Чаир, против екипата на Шкупи. Ако успешно се помине и оваа пречка, нашите кадети ќе имаат многу големи шанси до крајот да бидат во најдобра позиција за освојување на првото место. Метлург во следното коло ќе биде домаќин на Пелистер, додека Шкендија ќе има тешко гостување во Струмица, против А. Пандев.

Победа во дербито остварија и нашите младинци, со која се изкачија на врвот на табелата. Тие најубедливо го поразија својот конкурент со високи 5:2. Свое голгетерско “шоу“ имаше Кристијан Апостоловски кој постигна четири голови, додека еден беше дело на Виктор Димков. Црвено-црните станаа нови лидери на табелата со еден бод повеќе од екипите на Шкендија и Академија Пандев, која како верна сенка ги прати во борбата за титулата. Тие во 16 коло ја победија екипата на Пелистер. Во следното коло Вардар ќе има гостување на Шкупи, додека во директен дуел ќе се сретнат екипите на А.Пандев и Шкендија.