Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар и Баскет Кам максимални по 4.кола
ЖКК Вардар и Баскет Кам максимални по 4.кола

ЖКК Вардар и Баскет Кам максимални по 4.кола

Екипата на Баскет Кам 2011 ја оправда фаворитската улога во натпреварот со Бадел 1862. Екипата која ја брани титулата лесно го победи составот со кој лани се бореа за шампионскиот трофеј.

Отпорот на младиот состав на „баделки“ беше „присутен“ само во првата четвртина. Онаа во која екипата од Македонска Каменица водеше со минимални (18:16).

Но веќе во втората, работите како да си дојдоа на своето место. Предвоени од незадржливата Димова (која на крајот дојде до бројката од 35.поени), до полувремето, Баскет Кам 2011 креираше плус од (47:29).

Не застанаа кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска ниту по паузата од 15.минути. Како одминуваа минутите, така растеше разликата во полза на шампионот.

Освен Димова, кај Баскет Кам 2011, Адамовска и Поп Димитровска реализираа по 14.поени, исто колку и Марковска, на другата страна на теренот во СРЦ „Кале“.

Една одлично одиграна четвртина, онаа втората, им беше доволна на кошаркарките на МЗТ Скопје да слават убедлива победа на гостувањето во Струга (77:49).

И на оваа средба во салата „Нико Нестор“, својот дел од задачите одлично го заврши американскиот двоец Томас-Џефрис, кои искомбинираа 49 поени, а поентерски сосема добро им асистираше и Плакај, стрелец на 14.поени.

На другата страна, поентерски парираше Мазук, која постигна 22.поени, додека Модева ја следеше со десет, недоволно за било какво изненадување.

Претходно, исто така, до својата трета победа стигнаа и кошаркарките на Куманово-Гризли. На свој терен беа убедливи во дуелот со Крива Паланка (69:48).

А во последниот натпревар од ова 4. коло, во салата „Јасмин“ во Кавадарци, екипата Вардар беше доста подобра до домашниот Пробаскет. Славеа „вардарки“ со убедливи (82:62), за четвртта победа во низа и задржување на статусот ко-лидер на табелата заедно со бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011.

Поради обврските на женската сениорска репрезентација во квалификациите за ЕП 2025 година, идното 5. коло, во кое ќе се сретнат двете водечки екипи, Вардар – Баскет Кам 20111, ќе се игра на 11.11.2023 година.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Пробаскет – Вардар    62:82

Баскет Кам 2011 – Бадел 1862 97:64

Куманово-Гризли – Крива Паланка   69:48

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 49:77

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 8, Вардар 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Куманово-Гризли 7, Крива Паланка 5, Пробаскет 5, Бадел 1862 4, Струга 2009 4;

ИДНО КОЛО (11.11)

Вардар – Баскет Кам 2011

Бадел 1862 – Куманово-Гризли

МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет

Крива Паланка – Струга 2009