Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Нов договор за Срдановиќ

РК Вардар: Нов договор за Срдановиќ

02

РК Вардар на својата официјална страница објави:

Само што почна новата сезона во ракометното првенство, каде Вардар1961 тргна добро и според планираното, клубот веќе работи на склопување на мозаикот и изгледот на тимот што ќе продолжи да игра и да се бори за трофеи.
Првиот играч кој има договор со „црвено-црните“ и реши да остане уште две сезони е левото крило Марко Срдановиќ (25).
Српскиот интернационалец одлично се снајде во дресот на Вардар и на сите натпревари на кои настапи го потврди својот квалите, и покажа дека одлуката на македонскиот клуб да го нагажира била вистинска. Задоволни од неговиот настап, Вардар му понуди нов договор на Срдановиќ според кој тој треба да остане во Скопје најмалку до 206 година.
Со ангажирањето на Срдановиќ, добивме играч со мирна и прецизна рака, добра пеналџија и пред се спортист со карактер и човек со став. Убедени сме дека заедно ќе создадеме компактен тим кој во иднина ќе ја продолжи трасираната патека, и ќе биде дел од победнички Вардар.
„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство, и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат, вели Срдановиќ.
Тој е еден од неколкуте нови играчи што сезонава дојде во Вардар, и веднаш се вклопи во тимот. Вардар моментно е првопласиран во Б групата и повеќе од сигурно че пренесе три бода во разигрувањето за титулата.
Целта на Вардар сезонава е враќање на врвот и во Лигата на шампионите, и освојување на двојната круна.
.
.