Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите со пресврт го совладаа Голден Арт, обезбедено 1/4-финале

Кадетите со пресврт го совладаа Голден Арт, обезбедено 1/4-финале

343429810_1452612252233181_7427858252607603131_n

Кадетите на РК Вардар 1961, вчера со голем пресврт во 2.дел го совлада тимот на  РК Голден Арт КЛ7   и обезбеди пласман во 1/4-финалето.

Дуелот започна рамноправно, двата тима успеаа да постигнат по четири погодока за резултатска симетрија, 4-4. Ривалот успеа потоа да биде подобар во поле и да влезе во серија па поведе со шест гола предност при резултат  7-13. Црвено-црните успеаа во финишот значајно да ја намалат негативата и на одмор заминавме со два гола заостанување, односно со резултат 17-19.

343399052_619403943558301_5915974042346836616_n

Во вториот дел влеговме мотивирани за успех, на самиот почеток одигравме на високо ниво и со серија 6-0  го преземавме водството при резултат 23-19. Од овој момент ние доминиравме на теренот, од минута во минута ја зголемуавме предноста која дојде и до 18.гола на крајот. Победата беше убедлива со резултат 44-26.

Кај нас прв стрелец беше Томислав Стаменков  со 10.гола, само гол помалце имаше  Никола Нечовски кој постигна  9.погодока, а  Ангел Столески успешно стрелаше во 6 наврати.