Во првото пролетно коло Вардар Јуниор со неверојатен пресврт на домашен терен го совлада тимот на Металург-2. Во втората пролетна рунда, односно во 16.коло од Супер лигата избраниците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков ќе бидат гости.
Ние ќе одиграме дуел против тимот на РК Пролет, натпреварот со скопскиот ривал е закажан за утре, петок 6.март. На средбата која ќе се игра во салата „Македонско Сонце“ со почеток во 18:30 часот судиската правда ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.