Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан повикан за репрезентацијата на Црна Гора, за претстојната ЕХФ недела
Вуко Борозан повикан за репрезентацијата на Црна Гора, за претстојната ЕХФ недела

Вуко Борозан повикан за репрезентацијата на Црна Гора, за претстојната ЕХФ недела

Селекторот на ракометната репрезентација на Црна Гора, Драган Џукиќ го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела и натпреварите против селекцијата на Чешка. На списокот се најдоа 19 играчи, а меѓу нив е сигурно најдобриот стрелец и предводник на оваа репрезентација, тоа е левиот бек и играч на Вардар, Вуко Борозан.

Борозан е најдобар стрелец и во редовите на Европскот шампион во новата сезона, каде на четири натпревари постигна 20 голови, а на последниот дуел против Пик Сегед зад неговото име запиша 8 голови. ЕХФ го смести и во идеалниот тим на колото во ЛШ, како најдобар лев бек.