Кружниот напаѓач на ракометниот клуб Вардар, Рожерио Мораес Фереира во текот на вчерашниот ден пристигна во Македонија. Бразилскиот пикер од родната земја преку Лисабон и Минхен слета на скопскиот аеродром по 37 часа пат. Тој во својата земја го користеше зимскиот одмор на летни температури од над 35 степени, а во нашата метропола го затекнаа зимски услови.
Пред крајот на годината имаше операционен зафат на коленото, сега е во фаза на рехабилитација. Него и остатокот од тимот оваа прoлет ги очекуваат натпревари на дури четири фронта. Домашната лига, Купот на РМ, СЕХА и најважното натпреварување ЕХФ Лигата на шампиони.