Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Четворица играчи од Вардар дел од поразот на фудбалската селекција до 16 години, во дуелот со Русија
Четворица играчи од Вардар дел од поразот на фудбалската селекција до 16 години, во дуелот со Русија

Четворица играчи од Вардар дел од поразот на фудбалската селекција до 16 години, во дуелот со Русија

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години го загуби првиот натпревар на силниот меѓународен турнир “Mercedes Benz Aegen Cup” во Кушадаси, Турција. Избраниците на Горан Станковски беа поразени од соодветната селекција од Русија и тоа убедливо со резултат 4:0

По првото полувреме, противникот имаше минимално водство од 1:0, додека во вториот дел постигна уште три голови. Цел натпревар одиграа и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Лука Стојковски и играчот од средниот ред, Андреј Стојчевски. Цели 70 минути одигра и левиот бек на пом.пионери на Вардар, се работи за Грегори Давков, додека во 60 минута од мечот во игра влезе и капитенот на генерацијата “2003„ на Вардар, тоа е Петар Давидовски. Стоперот, Филип Ѓорѓоски кој исто така е дел од екипата на Вардар, не доби минутажа на овој дуел.

Погледнете ги головите од мечот, Русија-Македонија.