Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров игра одлично на СП, “летечкото„ крило на Вардар втор пат е прогласен за МВП
Дибиров игра одлично на СП, “летечкото„ крило на Вардар втор пат е прогласен за МВП

Дибиров игра одлично на СП, “летечкото„ крило на Вардар втор пат е прогласен за МВП

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров прикажува одлични игри на Светското првенство, на кое е главен предводник на својата репрезентација.

Русија успеа да направи голем подвиг и да одигра со нерешен резултат (22:22) против домашната селекција на Германија. Дибиров беше најефикасен играч на мечот, успевајќи да постигне дури осум голови oд десет обиди кон голот на Германија, исто толку постигна и на првиот дуел на кој неговата репрезентација исто така одигра со поделба на бодовите, овој пат против селекцијата на Србија.

Дибиров по натпреварот со Германија е избран за најдобар играч на мечот, што е второ вакво признание за летечкиот русин, МВП беше и на отварањето на мундијалот, на натпреварот против Србија. Инаку, Дибиров е на високото второ место и на листата на најдобри стрелци, со вкупно 19 постигнати голови, повеќе од него има само Уве Генсхајмер од Германија.