Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар со победа го стартуваа зимскиот турнир „Еден живот, една љубов”
Пионерите на РК Вардар со победа го стартуваа зимскиот турнир „Еден живот, една љубов”

Пионерите на РК Вардар со победа го стартуваа зимскиот турнир „Еден живот, една љубов”

Пионерите на ракометнот клуб Вардар со победа го стартуваа зимскиот турнир „Еден живот, една љубов” кој започна денес во спортскиот центар Јане Сандански.

Избраниците на Зоран Петковски се наоѓаат во групата А, во која се уште и екипите на Балтепе, Драчево и Аеродром. Во рамките на првото коло утрово за противник го имавме тимот на Аеродром, кој го совладавме со резултат 9:15. Одличен старт на мечот имаа црвено-црните кога поведоа со 0:2, за екипата на Аеродром да постигне прв гол и да намали на 1:2. Вардарци во брзо темпо го започнаа овој натпревар, па по 7. минути игра стигнаа и до водство од 1:4. До крајот на првиот дел ја одржавме оваа позитива и на пауза од пет минути се замина со водство на Вардар од 3:6.

Противникот одржуваше некаква резултатска рамнотежа само во првите пет минути од вториот дел кога резултатот беше 5:8. Од тие моменти следеше серија за избраниците на “Зенга„ од 0:4, со што стигнаа до убедливи 5:12, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. Тренерот Петковски им  даде подеднаква минутажа на сите момци, кои влегоа во ростерот за овој прв меч на турнирот. На крајот триумфираме со резултат 9:15.

Христијан Петковски и Андреј Петрушевски постигнаа по 3 гола во нашиот состав. Матеј Трајановски и Иле Табаков беа стрелци на по два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Марио Стојановски, Стефан Ристевски, Кирил Симоновски, Мартин Тодороски и Александар Стојменов. На голот Стојановски имаше 4 одбрани, Спасовски 3 и Колевски 1 интервенција.

До крајот на денот ќе одиграме уште два натпревари во групната фаза, против Драчево и Балтепе.