Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Комплетирано 1.коло на зимскиот турнир кај генер. 2004/05, победи за екипите на Балтепе, Вардар, Карпош и Урдаревски
Комплетирано 1.коло на зимскиот турнир кај генер. 2004/05, победи за екипите на Балтепе, Вардар, Карпош и Урдаревски

Комплетирано 1.коло на зимскиот турнир кај генер. 2004/05, победи за екипите на Балтепе, Вардар, Карпош и Урдаревски

Денес стартуваше 5.издание на ракометниот младински турнир “Вардар, еден  живот, една љубов„ во организација на ракометниот клуб Вардар.

Во машкиот дел кај генерацијата родени 2004/05 година се натпреваруваат вкупно осум екипи, кои се поделени во две групи. Веќе се комплетира првото коло во двете групи. Победи забележаа екипите на Балтепе и Вардар во групата А, како и Карпош и Урдаревски во групата Б. Ви носиме извештаи од првите четири меча на зимскиот турнир, кај генерацијата родени 2004/05 година.

Првиот натпревар утринава во рамките на групата А го одиграа екипите на Драчево и Балтепе од Тетово, а многу поуспешна беше екипата на Балтепе, која славеше со резултат 4:27. На овој натпревар видовме само едно израмнување и тоа на стартот кога резултатот беше 1:1, а остатокот од мечот им припадна на тетовчани. Балтепе се одлепи уште на стартот кога поведе со 1:4, а до крајот на првиот дел тимот на Драчево успеа да постигне само 2 голови, наспротив 12 на Балтепе, за по првите 15 минути резултатот да биде 3:12. Во второто полувреме, екипата од Скопје постигна само еден гол, што говори за одразот на силите на теренот на овој дуел. Балтепе се покажа како надмоќен на натпреварот и му дозволи на тимот на Драчево да постигне само еден гол во вторите 15 минути, на крајот висок триумф за Балтепе за успешно отварање на турнирот. Кристијан Самоиловски беше најефикасен со 8 голови, додека Петар Стојановски успеа да постигне 7 голови.

screenshot_20190115-1244098

На вториот натпревар од гру8пата А, силите ги одмерија екипите на Вардар и Аеродром. Поуспешни беа црвено-црните кои славеа со резултат 9:15.

Одличен старт на мечот имаа црвено-црните кога поведоа со 0:2, за екипата на Аеродром да постигне прв гол и да намали на 1:2. Вардарци во брзо темпо го започнаа овој натпревар, па по 7. минути игра стигнаа и до водство од 1:4. До крајот на првиот дел ја одржавме оваа позитива и на пауза од пет минути се замина со водство на Вардар од 3:6.

50005860_223544531918667_6049200435548389376_n

Противникот одржуваше некаква резултатска рамнотежа само во првите пет минути од вториот дел кога резултатот беше 5:8. Од тие моменти следеше серија за избраниците на “Зенга„ од 0:4, со што стигнаа до убедливи 5:12, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. Тренерот Петковски им  даде подеднаква минутажа на сите момци, кои влегоа во ростерот за овој прв меч на турнирот. На крајот триумфираме со резултат 9:15.

Христијан Петковски и Андреј Петрушевски постигнаа по 3 гола во нашиот состав. Матеј Трајановски и Иле Табаков беа стрелци на по два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Марио Стојановски, Стефан Ристевски, Кирил Симоновски, Мартин Тодороски и Александар Стојменов. На голот Стојановски имаше 4 одбрани, Спасовски 3 и Колевски 1 интервенција.

Во рамките на првото коло од групата Б, се сретнаа екипите на Карпош од Куманово и Бисинов од Велес, меч кој го убедливо го доби тимот на Карпош. Бисинов парираше само во првото полувреме, кога се доближуваа на само еден гол негатива. Така беше при резултат 2:3, 3:4, 5:6 и 6:7, за екипата од Куманово да направи серија од 0:3 и на полувреме да има солидно водство од 6:10.

Избраниците на Никола Бисинов немаа одговор за играта на Давид Димевски кој ја наполни мрежата на Велешани на овој меч. Екипата на Бисинов не се предаде ниту во второто полувреме, кога во еден момент успеа да го намали резултатот на 10:13, но следеше нова серија на Карпош, овој пат со четири последователни голови, за веќе највисоки 10:17, по што беше јасно кој ќе ги биде победникот. До крајот рутинска игра за кумановчани, кои триумфираа со резултат 14:22.

Давид Димевски беше најефикасен на мечот, интересно тој постигна повеќе голови од цела екипа на Бисинов, зад неговото име беа запишани 16 голови. Уште едно одлично издание на овој надежен играч, кој “тропа„ на вратите на Вардар.

Првото коло во групата Б, го комплетираа екипите на Урдаревски и екипата на Преспа од Ресен. Поуспешна беше екипата на Урдаревски која славеше со резултат 17:10. По првото полувреме исто така Урдаревски беше во водство од 8:5. По првите пет минути се играше гол за гол на двете страни, по што Урдаревски прв се одлепи резултатски и поведе со 4:2. Успеаа ресенчани да го израмнат резултаот на 5:5, но Урдаревски до крајот на првиот дел направи серија од 3:0 и на одмор замина со водство од 8:5.

Серијата на Урдаревски продолжи и во второто полувреме кога ги постигнаа првите шест голови, со што имаа веќе високи 14:6. Ова беше клучниот период, во кој Урдаревски се стекна со висока и недостижна разлика. До крајот на мечот немаше резултатска неизвесност, па Урдаревски слави триумф со резултат 17:10.

Благоја Петровски беше најефикасен кај Урдаревски со 4 голови.