Ема, малата навивачка на црвено-црните е избрана за најдобар ракометен фан на мечевите од регионалната СЕХА лигата. Изборот го направија ракометарите на клубовите учесници во СЕХА лигата.
Фанот на РК Вардар, Ема освои убедливо најмногу гласови, таа доби и два „ол-инклузив“ билети за Фајнлфор турнирот на СЕХА. плус комплетна спортска опрема и дрес на својот омилен РК Вардар потпишан од сите ракометари.