Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Со пеколен финиш кадетите на Вардар дојдоа до победа на меѓународниот турнир “Локомотива Куп„
Со пеколен финиш кадетите на Вардар дојдоа до победа на меѓународниот турнир “Локомотива Куп„

Со пеколен финиш кадетите на Вардар дојдоа до победа на меѓународниот турнир “Локомотива Куп„

Кадетите на РК Вардар денес на 2.ден од  настапот на  турнирот “Локомотива Куп„ кој се игра во градот Брчко (БИХ) дојдоа до триумф. Избраниците на Будимир и Станковски  се сретнаа со силната екипа на РК Максимир од Загреб, во еден тесен и исклуително темпераментен натпревар покажавме карактер и со пресврт во втората половина од 2.полувреме дојдовме до бодови.

Ние со голот на Марио Мишевски на почетокот отворивме со 1-0, ривалот одма врати за резултатска симетрија 1-1. Се одлепивме на 3-1, и тоа водство го чувавме со игра гол за гол се до 6-4. Противникот со мини серија 1-3 успеа на минута до крајот да дојде до егал 7-7.   Во последниот напад со добро уиграна акција преку пикер, погодивме за 8-7 преку Благоја Димчевски. Со овој резултат заминавме на пауза.

Во второт дел  ние тргнавме со серија 3-1 па преку Симон Калајџиски во 3.минута од вториот дел поведовме со 11-9. Следеше пад во нашата игра и концетраија, хрватскиот тим влезе во серија, тие со 0-4 поведоа со 11-13 на средината од овој период. Но ние ја заигравме нашата препознатилива игра во одбраната, а во нападот немилосрдо казнувавме. До крајот на дуелот погодивме дури пет пати, а ниту еднаш не бевме совладани правеќи неверојатен пресврт. Момците на Будимир и Станковски триумфираа со 16-13 на оваа средба.

Чакалиќ Бојан имаше 7 гола,  а по два два пати на дуелот погодија Савревски, Грујовски и Димитриевски.