Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Киелце доби висока парична казна од ЕХФ, поради лошо однесување и организација на дуелот со Вардар
Киелце доби висока парична казна од ЕХФ, поради лошо однесување и организација на дуелот со Вардар

Киелце доби висока парична казна од ЕХФ, поради лошо однесување и организација на дуелот со Вардар

ЕХФ му изрече казна на тимот на Киелце, поради лошо оганизирање и однос на нивните играчи, на дуелот кој во месец октомври го играа против Вардар, кој полјаците го добија пред домашната публика.

Киелце ќе мора да плати казна на ЕХФ од вкупно 15.000 евра. Шампионот на Полска доби 5.000 евра казна поради неспортско однесување на своите играчи и стручниот штаб на споменатиот дуел со Вардар. Доплнителни 2.500 евра ќе мора да плати поради лошо обезбедување на мечот со црвено-црните, како и 7.500 евра поради поставување на навредлива содржина во салата, наменета за тимот на Вардар.

Казна од 6.000 евра ќе мора да плати и Вардар поради неспортско однесување на играчите, во казната се зема фактот дека претходно исклучен играч сакал да влезе на теренот, после физички контакт помеѓу играчите од двете екипи.