Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите со трети успех по ред, падна МРК Куманово, Трајаноски повторно прв стрелец
Кадетите со трети успех по ред, падна МРК Куманово, Трајаноски повторно прв стрелец

Кадетите со трети успех по ред, падна МРК Куманово, Трајаноски повторно прв стрелец

Во кадетската машка конкуренција викеднов  се игра 9.коло од сезоната 2021/2022, црвено-црните избаници на Пепи Манасков во оваа рунда беа  домаќини на МРК Куманово. На дуелот кој се одигра  во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кадетите на Вардар 1961 дојда до третта победа во низа, ние триумфиравме со резултат 29-23.

На почетокот од првиот дел, црвено-црните момци тргнаа фуриозно на дуелот со кумановчани, ние со одлична одбрана и ефективен напад поведовме со високи 6-0 на стартот од оваа кадетска средба.  Момците на Ј.Миодраг-Црни успеаа да направат баланс, ја подобрија играта и во последните 10.минути влегоа со само два гола негатива (10-08) успевајќи да намалат четири гола од нашата предност. На одмор  на ова средба од  кадетската група-В се замина со 13-10 за вардаровиот тим.

Во вториот дел иако ривалот се закани и сакаше целосно да ја анулира предноста, ние тоа не го дозволивме, ја стабилизиравме играта и успеавме постепено да ја зголемуваме предноста. Успевме да се вратиме на највисоките шест гола предност при резултат 25-19, до крајот одигравме умно, гол за гол и ја сочувавме резликата. Победата дојде со резултат 29-23, треба да напоменеме дека поради повреди ние на овој дуел игравме само со 12.играчи, четири помлаце од предвидените 16.ракометари колку што може да настапуваат на еден дуел.

Трајаноски Матеј повторно е прв стрелец на кадетите оваа пролет имаше 6.постигнати гола,  Младеновски Давид и Стојановски Марио дадоа  гол помалце, односно  имаа 5.погодока. Двајца момци впишаа по 4.гола: Димитријевски Дамјан и Спасовски Ѓорѓи.