Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Осма победа за младинците на Вардар Јуниор, избраниците на Петрушевски и Манасков триумфираа на гостувањето кај Пролет

Осма победа за младинците на Вардар Јуниор, избраниците на Петрушевски и Манасков триумфираа на гостувањето кај Пролет

Младинската ракометна екипа на Вардар Јуниор успеа да слави во денешното 11 коло на групата 2 од младинската лига. Избраниците на Петрушевски и Манасков беа подобри на гостувањето од екипата на Пролет 62, која ја совладаа со резултат 23:28.

Вардарци имаа многу подобар старт на овој меч, кога најпрво успеаа да поведат со 0:2, за домашниот тим во следните четири минути да намали на 2:3. Од тие моменти следеше серија на црвено-црните од 0:3 за да имаме највисока предност од 2:6. Интересно имавме и водство од 3:7, но следеше лош период за вардарци, кога му дозволија на противникот да постигне дури седум голови во серија и да поведе со 10:7. Пролет играше добро во овој период, стигна и до најголема предност од четири голови разлика (13:9), но следеше фуриозен финиш на првиот дел за нашите младинци, кога направија серија од 0:3 и на полувреме се замина со достижна негатива од само еден погодок (13:12) беше резултатот по првиот дел за екипата на Пролет.

На стартот на вториот дел, Вардар успеа да постигне два гола по ред и да го сврти резултатот во своја корист (13:14). Во следните пет минути гледавме игра гол за гол на двете страни, а последното израмнување на овој меч се случи при резултат 16:16. Сепак Вардар покажа дека е подобрата екипа на овој меч, па успеваше полека да го „скрши“ резултатот. Серијата од 0:6 која ја направивме овој период од мечот, беше решавачка за конечниот триумф на вардарци. Пролет немаше решение за нашата цврста одбрана, додека Вардар успеа да постигне и неколку голови во контра-напад, за да стигне до најголемата предност на овој меч (16:22) беше во 45 минута од дуелот. Иако Пролет во еден момент ја преполови негативата на три гола (20:23), Вардар врати на ист начин со серија од три погодоци (20:26) и тука беше крајот на овој дуел, што се однесува до победникот на овој интересен меч од младинската лига. На крајот победа за Вардар, изразена со резултат 23:28.

Врдар имаше четворица расположени играчи на овој дуел, кои беа доволни за да се забележи победа. Тоа беа Ален Ќосевски кој беше најефикасен со 8 голови, средниот бек, Стефан Крстевски беше стрелец на 7 голови. Дејан Кукуловски и Стефан Атанасовски постигнаа пак по 5 голови.

Ова беше трета во серија победа за младинците на Вардар Јуниор, вкупно осма оваа сезона.  Со овој триумф се вративме во игра за пласман на Ф4 турнирот во младинската лига.