Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > „Јуниор Лига“ Победа за РК Урдаревски, додека Карпош и Будимир ги поделија бодовите, во машкиот дел кај генер.2006/07
„Јуниор Лига“ Победа за РК Урдаревски, додека Карпош и Будимир ги поделија бодовите, во машкиот дел кај генер.2006/07

„Јуниор Лига“ Победа за РК Урдаревски, додека Карпош и Будимир ги поделија бодовите, во машкиот дел кај генер.2006/07

Денес стартуваше пролетниот дел во ракометната „Јуниор Лига“. Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа два натпревари во машкиот дел кај генерацијата родени 2006/07 година.

s6

Во еден интересен натпревари екипите на Карпош од Куманово и Будимир ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат (15:15). Екиоата на Карпош имаше водство по првиот дел од 10:7, сепак не успеа истата да ја задржи и во второто полувреме. Поведе екипата на Карпош со 2:0, за тимот на Будимир да вратат и да го израмнат резултатот на 2:2. Од тие моменти избраниците на Миодраг Јовановски-Црни го превзедоа водството, имаа во два наврати и три гола предност (7:4 и 9:6), истава позитива ја имаа и по првиот дел, кога резултатот беше 10:7.

s

Долго време и во второто полувреме, екипата на Карпош имаше предност, но избраниците на Андријана Будимир полека но сигурно ја топеа негативата, за во еден момент да го израмнат резултатот на 13:13. Екипата на Карпош го врати водството, имаше предност и од 14:13 и 15:14, сепак тимот на Будимир успева да израмни. Имаа 20 секунди напад екипата на Карпош за погодок, но не успеаа, односно одбрани голманот на Будмир, после удар о девет метри. Мечот заврши со нерешени 15:15.

s999

На вториот меч кај оваа генерација се сретнаа екипите на РК Урдаревски и РК Филип од Прилеп. Поуспешна беше екипата од Скопје, која славеше со резултат од 18:9. Многу подобар старт на мечот имаше тимот а Урдаревски, кој на почеток на овој дуел направи серија од 5:0, која беше решавачка за по првиот дел да имаме водство од 7:3.

s99

На стартот на вториот дел видовме по еден гол на двете страни, но Урдаревски успеа да направи серија од 4:0 и да поведе со највисоки 12:4. Немаше неизвесности до крајот на натпреварот, Урдаревски стигна и до двоцифрено водство и на крајот славеше победа, изразена со резултат 18:9.