Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез го објави списокот за бараж-двомечот со Романија, на него се најдоа Стоилов и Поповски

Гонзалез го објави списокот за бараж-двомечот со Романија, на него се најдоа Стоилов и Поповски

Сеуште актуелниот тренер на РК Вардар и македонски селектор Раул Гонзалез,   го објави поширокиот список од 28 ракометари, од кои ќе се дојде до  16  кои ќе настапат на бараж средбите против Романија за пласман на Светското првенство  во Германија и Данска.

На списокот се најдоа двајца играчи на ракометниот клуб Вардар. Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов, и младиот Поповски Мартин. Првиот дуел  од баражот се игра на 10 јуни во Скопје со почеток од 20-30 часот, а реваншот во  Романија закажан за на 13 јуни, истиот ќе се игра  во  градот Клуж со почеток од 17-30 часот.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ВО СЕНИОРСКА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров