Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стојаноски: Радосни сме што Ф4 турнирот во СЕХА-лигата ќе биде во Скопје, во нашата сала С.Ц. „Јане Сандански”
Стојаноски: Радосни сме што Ф4 турнирот во СЕХА-лигата ќе биде во Скопје, во нашата сала С.Ц. „Јане Сандански”

Стојаноски: Радосни сме што Ф4 турнирот во СЕХА-лигата ќе биде во Скопје, во нашата сала С.Ц. „Јане Сандански”

Втор пат во СЕХА-натпреварувањето, Вардар ја добива можноста да биде домаќин на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Првиот пат тоа се случи во втората сезона на СЕХА-лигата, кога во С.Ц. Борис Трајковски во големото финале играа токму екипите на Вардар на ППД Загреб. Оваа сезона, довербата отпадна кај вардарци и С.Ц. Јане Сандански, кои во периодот од 13-15-ти април ќе ги пречека екипите на ППД Загреб, Брест Мешков и Целје. Извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски истакна дека за Вардар е голема чест што повторно ќе има можност да биде домаќин на Ф4 во СЕХА-лигата.

-Радосни сме што раководството на СЕХА Газпром лигата реши сезонава Ф4 турнирот да биде во Скопје во нашата сала во СЦ „Јане Сандански”. Како актуелни прваци на ова регионално натпреварување и еден од ретките тимови што е во СЕХА Газпром лигата од неговиот сам почеток голема чест е што Скопје по вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир. Тоа е уште една потврда дека ракометот е спортот број 1 во Македонија, а Вардар е тим што е препознатлив не само на овие простори туку и во европски и светски рамки.
Трите освоени титули во СЕХА Газпром лигата на Вардар е обврска плус бидејќи сега ќе играме пред домашна публика. Учеството на големи ракометни имиња како ППД Загреб, Мешков Брест и Целје е најава за возбудлив и пред сѐ квалитетен турнир. СЕХА Газпром лигата одамна прерасна во повеќе од регионално натпреварување, и секоја година сме сѐ подобри, и затоа знам дека ова ќе биде успешен турнир. Верувам дека сите заедно ќе можеме да уживаме во одлични ракометни натпревари. Ве повикувам сите да дојдете во Скопје во периодот од 13 до 15 април, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Вардар е најтрофеен во ова натпреварување со три трофеи, додека Веспрем има два освоени трофеи во СЕХА-лигата. Инаку црвено-црните ја бранат титулата освоена од минатата сезона, кога Ф4 се одржа во Брест.