Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов во Скопје и Кавадарци ќе се одигра 7.коло во Вардар јуниор лигата (распоред)
Викендов во Скопје и Кавадарци ќе се одигра 7.коло во Вардар јуниор лигата (распоред)

Викендов во Скопје и Кавадарци ќе се одигра 7.коло во Вардар јуниор лигата (распоред)

Викендов на програмата е  7.коло од ракометната Вардар Јуниор лигата. Истото  ќе се игра во Кавадарци и во Скопје. Викендов, 10 и 11 март, ќе се играат натпреварите во категориите 2002/03 машки, 2004/05 машки и женски и 2006/07 машки и женски, како и мечевите во мини ракомет за децата родени 2008 и помали, кои играат во мешани тимови.

Во Кавадарци дуелите се играат во СЦ Јасмин, в недела, на 11 март со почеток од 11 часот. Тука ќе се натпреваруваат екипи на Вардар ДБ, Ангели Вардар, Драчево Вардар, Филип Вардар, Ново Лисиче Вардар и Делчево Вардар.

* Распоред за натпреварите во Кавадарци: saatnica_kavadarci_11.03.2018.pdf

Во СЦ Кале првите мечеви се закажани за в сабота, 10 март, од 9 часот, а во 14.10 часот почнуваат натпреварите во мини ракомет. Во недела почнуваат возбудувањата од 10.30 часот.

* Распоред за натпреварите во Скопје: 7_kolo_vjl.pdf