Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Сакаме својата ера во Вардар да ја завршиме на најдобар можен начин
Циндриќ: Сакаме својата ера во Вардар да ја завршиме на најдобар можен начин

Циндриќ: Сакаме својата ера во Вардар да ја завршиме на најдобар можен начин

Најдобриот играч на Хрватска и ЕКС-Ју просторот за 2017 година, Лука Циндриќ ја игра својата трета сезона во дресот на Вардар. Во интервју за ракометниот порал “Балкан Хандбал“, Лука говореше за постигнатите резултати сезонава во Лигата на Шампионите. Иако смета дека тимот после Европското првенство не е во најдобра форма, сепак примарната цел била остварена, а тоа е прво место во групата кое донесе директен пласман во четврфиналето на ЛШ.

-Во вториот дел од сезонава се уште не сме во онаа најдобра форма и не играме како што ние знаеме, се опоравуваме физички и психички, а имавме и повредени играчи. Сепак завршивме на првото место во групата, што беше и примарна цел на тимот. Имаме сега многу одмор од месец дена во Лигата на Шампионите, се надевам дека ќе се одмориме пред четврфиналниот двомеч и искрено сметам дека ќе се пласираме на завршниот турнир во Келн.

Во четвртфиналето, Вардар го чека подобриот од дуелот помеѓу Кил и Пик Сегед. Германските екипи му “лежат“ на Вардар, па Циндриќ истакна дека ако би избирал, тоа би било Кил.

-Се работи за мали детали и Кил и Пик Сегед се големи екипи. Сепак ако треба да изберам, од искуствата од претходните сезони, Вардар играше подобро против екипите од Германија. Но сметам дека тоа ништо не ни значи и дека ќе биде тешко против било која екипа да играме.

Циндриќ како и неколку други играчи од следната сезона ќе настапуваат за други клубови, но Лука вели дека моментално се сконцентрирани на настапите во Вардар и повторување на успехот од минатата сезона кога освоивме четири трофеи.

-Не се споменуваат тие работи, голем дел од играчите заминуваат и сакаат својата ера во Вардар да ја завршат на најдобар можен начин. Сите се фокусираме на натпреварите кои се уште ги играме со клубот каде настапуваме. Не размислуваме на екипите со кои веќе потпишавме од наредната сезона, туку сите мисли се насочени на настапите со Вардар.