Последните Ф4 турнири од Вардар Јуниор лигата сезона 2017/2018 се играат утре, сабота, 12 мај, со ова се “спушта“ завесата на оваа натпреварувача третта сезона во оваа вардарова лига. Натпреварите почнуваат од 9.10 часот, во салата „Гоце Делчев” во општина Илинден. Според распоредот прво се полуфиналните мечеви за генерациите 2006/07 и 2002/03 во машка категорија.
Од 11.45 часот стратува малото финале за трето место во генерацијата 2006/07, а финалето ќе биде од 12.30 часот. Најстарата генерација од Вардар Јуниор лигата, момчињата 2002/03 натпреварот за трето место ќе го почнат во 13.15 часот, а финалето е закажано за 14. 10. По завршувањето на натпреварите ќе следи и церемонија за доделување на награди.
* Саатница за Ф4 натпреварите: final_4_02-03_06-07_maski.pdf