Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Секоја титула е важна – Чупиќ: Нашата подолга клупа и нивниот недостаток на шутери го реши победникот
Штербик: Секоја титула е важна – Чупиќ: Нашата подолга клупа и нивниот недостаток на шутери го реши победникот

Штербик: Секоја титула е важна – Чупиќ: Нашата подолга клупа и нивниот недостаток на шутери го реши победникот

Вардар успеа да ја одбрани титулата во СЕХА-лигата и да слави во големото финале. Изминативе три дена, С.Ц. Јане Сандански беше домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во ова натпреварување, на кој на крајот Вардар го освои првото место. Во големото финале го совладавме тимот на ППД Загреб (26:24). По завршување на дуелот, своите впечатоци од освоениот трофеј, вкупно чеврти во СЕХА-лигата, ги сподели најдобриот голман на овој завршен турнир, Арпад Штербик кој го изјави следново:

-Секоја титула е драга, за многу играчи ова е можеби последна сезона во СЕХА-лигата и овој трофеј им е многу подраг од било што друго. Се обидовме да го добиеме ова финале и одигравме добар натпревар. Оваа сезона имавме тежок пат кон освојување на лигата и тешки конкуренти, во финалето видовме дека Загреб е одлична екипа и не беше ни малку лесно да се совлада.

За Иван Чупиќ, победникот го решиле подолгата клупа на Вардар и недостатокот на бекови шутери кај противникот.

-Беше одличен натпревар, сите мислеа дека сме големи фаворити во финалето. Меч со грешки, жар и емоции го видов ова финале од страна на двете екипи. Мислам дека нашата подолга клупа и нивниот недостаток на шутери од бековските позиции, пред крајот знаевме да го искористиме, се одлепивме на пет голови разлика и потпомогнати од одличниот Штербик го приведовме натпреварот до крај.