Четврти трофеј за екипата на Вардар во СЕХА-лигата, која успеа во големото финале да го совлада тимот на ППД Загреб (26:24). Избраниците на Гонзалез во текот на целиот меч имаа водство и на крајот заслужено се радуваа на освоената титула. Најефикасни во нашите редови беа Циндриќ и Кристопанс кои постигнаа по пет голови, а токму Циндриќ е прогласен за играч на големото финале од медија тимот на СЕХА-лигата. Воедно тој се најде и во идеалниот тим на Ф4 како најдобар среден бек и е прогласен за МВП.