Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го совлада РК Прилеп во важен дуел за опстанокот во Супер лигата
Вардар Јуниор го совлада РК Прилеп во важен дуел за опстанокот во Супер лигата

Вардар Јуниор го совлада РК Прилеп во важен дуел за опстанокот во Супер лигата

Ракометарите на Вардар јуниор вчера во “Кале“ одиграа натпревар со екипата на РК Прилеп 2010, директен конкурент за бегство од опасната зона во плеј-аут сегментот. Момците на Стојан Петрушевски направија голем чекор кон директен опстанок во машката Супер лига со победата  34-23 (20-13).

rt2

Младите црвено-црни ракометари на Вардар јуниор сега имаат 12 бода од 10 натпревари и се на третото место од пет екипи во плеј аутот. Ова е важно бидејќи како што налагаат пропозициите последниот на табелата во плеј аутот ќе игра бараж натпревар за опстанок  против второпласираниот тим од Прва лига.

На почетокот ние отворивме со два гола, противникот успеа да погоди и намали на 2-1. Потоа ние успеавме да се одлепиме на пет плус, односно да поведеме со 6-1 и да најавиме дека ќе одиме на победа. Од минута во минута во првиот дел постојано доминиравме и успеавме на пауза да заминеме со седум гола позитива, на семафорот во салата “Кале“ стоеше 20-13 во наша корист.

rt
Во вториот дел се играше претежно игра гол за гол, ние ја одржававме предноста од седум гола позитива во одност на ривалот се до резултат 28-21. Во финишот додатно ја зголемивме предноста па успеавме да триумфираме и со двоцифрена разлика од 11 гола позитива. Победата беше изразена со резултат 34-23. Кај нас највеќе гола имаше Анастасовски 7, по пет гола беа дело на Димитровски и Кукуловски.

ВАРДАР Јуниор: Кизиќ, Димов 4, Анѓелковски 1, Чакалиќ, Крстевски 2, Анастасовски 7, Мишевски 4, Димитров 2, Кизиќ, Петковски, Трпчевски 4, Николовски, Димитровски 5, Кукуловски 5, Атанасовски, Лазов.