Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со комбиниран тим пресилен за кумановки
ЖРК Вардар со комбиниран тим пресилен за кумановки

ЖРК Вардар со комбиниран тим пресилен за кумановки

Вчера, само еден ден откако Вардар го потврди учеството на Ф4 турнирот во Будимпешта црвено-црните ракометарките играа и  меч од домашното првенство. Девојките на Дибирова гостуваа во  Куманово кај истоимениот тим.  Ние и со  некомплетен состав лесно и рутински дојдовме до победа со резултат 48-24 (23-10).

Најголем дел од првиот тим доби ден за одмор, сепак и вака комбинираниот тим лесно се справи со кумановки. На стартот домаќинките поведоа со 1-0, а потоа следуваше серија 0-8 со која поведовме со 1-8 на стартот и најавивме дека се ќе биде рутнина. До крајот на првиот дел од минута во минута постојано ја зголемувавме предноста. На одмор заминавме со двоцифрена предност, имавме “плус 13“ на паузата, 10-23.

Вториот дел почна идентично како и првиот со погодок во нашата мрежа по што домашниот тим намали на 11-23. Се потоа беше прашање со колкава предност ќе впишеме нова победа,  на крајот имавме двојно повеќе погодоци од домашниот тим.  Кај нас прв стрелец беше Теа Керамичиева со 11 гола.

ВАРДАР: Саздовска 7, Бајрамовска 6, Мицевска, Керамичиева 11, Суслина, Хмирова, Петровиќ 7, Гичевска 9, Ристовска 8.