Овој викенд пионерите и кадетите на РК Вардар гостуваа, на овие средби доживејавме два пораза.
Пионерите загубија на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 26:12.
Вардарци први го отворија резултатот на натпреварот, а последното израмнување беше при резултат 3:3. Екипата на Еурофарм Пелистер полека се одлепуваше резултатски, а последната неизвесност беше при резултат 9:7, за до крајот на првото полувреме битолчани да направат серија од 5:1 и на одмор да заминат со водство од 14:8.
Многу бргу стигнаа и до двоцифрена предност од 19:9 и беше јасно кој ќе ги освои бодовите на натпреварот кој се играше во спортската сала „Боро Чурлевски“. На крајот висока победа за Еурофарм со резултат 26:12. Во нашите редови се истакна Никола Атанасовски кој постигна 6 гола.
Kадетите на Вардар одиграа добар меч во Кавадарци, беа поразени само со два гола од Тиквеш. Домаќинот победи со резулат 37-35.
Натпреварот го отворивме со погодок за почетни 0-1, следеше мини серија и пресврт на домашниот тим кој поведе со два позитива при резултат 4-2. До крајот на првиот дел двата тима беа рамноправни, на 14.гола во нашата мрежа вративме со иста мерка па на одмор заминавме со 18-16.
Лошо влеговме во вториот дел, кавадарчани направија серија 5-1 на старот и отидоа на шест плус, 23-17. Иако заостануваме на старот на вториот дел шест гола од минута во минута полека ја топевме предностра, успеавме да дојдеме и до реми при резултат 30-30. Домаќинот беше поуспешен во финишот и не совлада со 37-35.
Во нашите редови се истакнаа Тасевски Огнен со 12.гола и Најдовски Иван кој постигна 10.погодока.