Играчите на РК Вардар, од март немаат официјален натпревар поради светската пандемија со Ковид-19. Момците на Алушовски би требало да го одиграат првиот официјален натпревар во новата сезона на 29 август.
Станува збор за реванш дуелот од 1/4-финалето во регионалната, СЕХА Гаспром лига. Ривал ни е хрватскиот вице-првак, екипата на Нексе Нашице. Нашите момци имаат предност од еден гол по победата во гости со 31-30. Со завршување на овој меч ќе обезбедиме место на Ф4 во СЕХА, кој начелно е закажан да се игра на 4 и 5 септември во Задар. Веќе пласирани на истиот се тимовите на Загреб и Мешков Брест.