Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (Фото+ Резултати) Се одигра и 2-та рунда на турнирот „Еден живот, една љубов“
(Фото+ Резултати) Се одигра и 2-та рунда на  турнирот „Еден живот, една љубов“

(Фото+ Резултати) Се одигра и 2-та рунда на турнирот „Еден живот, една љубов“

Попладндево,  во „Јане Сандански“ се играше  второто коло  од 6.турнир „Еден живот, една љубов“ во организација на Академијата на РК Вардар. На програмата се дуелите кај момците родени 2008/09.  Резултастите во 2.коло се следни:

r23

Во првиот меч од 2.коло. РК Будимир Вардар од Скопје го совлада тимот на РК Филип Вардар од Прилеп со резултат 14-8. Првиот дел почна со доминација на скопската екипа која поведе со 5-0, потоа Таневско повика минута одмор. По истата успеаа прилепчани да се вратат во ритам и дури и намалија. На одмор заминавме со резултат 7-4.
Скопскиот тим доминираше во целиот тек на вториот период успевајќи да поведе со осум гола до пред крајот на дуелот. На семафорот стоеше резултатот 14-6, прилепчани во последните напади со два врзани гола намалија 14-8, резултат со кој заврши оваа средба.

r22

РК Бисинов Вардар(1) од Велес ја совлада екипата на РК Ѓорче Петров со резултат 19-11. Велешани тргнаа со резултат 3-0, потоа тимот од Скопје успеаа да направи серија и да дојде само на гол негатива, 5-4. Сепак тимот на Бисинов го исконтолира дуелот и отиде на одмор со резултат 9-6.
Велешани влегова фуриозно во вториот дел и успеаа да го подигнат водствот на шест гола, тие поведоа со резулта 14-8. Се беше потоа рутина, лесно се справија со противникот, постепено зголемувајќи ја разликата, победата за нив дојде со резултат 19-11.

r20
РК Ангели Вардар ја добија средбата со тимот на РК Кисела Вода Вардар со резултат 23-11. Во еден дуел кој почна со реми, 2-2 издоминираа Ангели. Тие до полувремето потоа успеаа да направат неверојатна серија 9-1. Па со високи 12-3 заминаа на пауза.
Вториот дел започна идентично како и првиот со по два гола на двете страни за почетни, 14-5. Тимот на Ангели Вардар издоминира во продолжение, беше поактивен противник и успеа да дојде до бодови со резултат, 23-11.

r19 r18
РК Седмерец го совлада тимот на Бисинов(2) со резултат 24-3. Првиот дел започна со водство на охриѓани од 2-1, потоа Седмерец ја зголемуваше предноста од минута во минута. Со серија 9-0 тие отидоа на одмор со резултат 12-2.
Вториот дел беше рутина, втората екипа на РК Бисинов Вардар успеа да постигне во текот на ова полувреме еден погодок. Противникот доминираше и отиде на 21.гол предност на крајот. Победата дојде со резултат 24-3.

r17 r16 r15 r14 r13 r8 r9 r10 r11 r12 r2 r7 r6 r5 r4 r3