Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра реми на гостувањето кај Македонија ЃП
Вардар одигра реми на гостувањето кај Македонија ЃП

Вардар одигра реми на гостувањето кај Македонија ЃП

ФК Вардар денес во натпревар од 10.коло од ПМФЛ гостуваше кај тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Момците на Александар Васоски одиграа реми 1-1 (0-0) на оваа средба.

74624175_2490053664422966_2678004493802536960_n
Првиот дел започна со мирна игра, прва прилика имаше поранешниот играч на црвено-црните, Дејан Блажевски. Шиле во 10.минута изведе слободен удар, за наша среќа топката не заврши зад грбот на Гачевски Филип. Десет минути потоа ние се заканивме преку Колевски, неговиот удар го скроти домашниот голман Јовановски Марко. Домаќинот преку Де Силва во последните моменти од првиот период од 45.минути се закани, ударот заврши над гредата од голот на нашиот тим.

.
На самиот почеток на второто полувреме црвено-црните дојдоа до предност, поведувајќи со 0-1 во 46.минута од мечот. Одлично исолира, Даниел Аврамовски кој шутна од околу 20.метра погодувајќи во мрежата на Марко Јовановски. Ние се браневме по водството, две прилики имаше домаќинот, во првата биеа крај голот,  во втората Гачевски одлично одбрани. Се играше 69.минута, Ален Јашароски упати удар надвор од казнениот простор и успеа да ја врати резултатската симетрија, тој стрелаше за 1-1. Со овој резултат се заврши дуелот, двата тима прикажаа одличен фудбал и ја потврдија добрата форма во првенството.

По ова реми црвено-црните останаа на врвот на табелата, тие се на лидерската позиција пред Академија Пандев која исто така како и Вардар има 21.бод.