Пионерските екипи на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го одиграа 6.првенствено коло, во кое гостин ни беше екипата на Еуроспорт од Куманово.
Помладите пионери на ФК Вардар се вратија на победите, откако денес ја совладаа екипата на Еуроспорт. Момците на Сашо Тодоровски триумфираа убедливо со резултат 4:0. Противникот даде отпор само во првото полувреме, кога црвено-црните имаа минимално водство од 1:0 со голот на Димитар Стоимов во 17 минута од дуелот.
Во вториот дел, Вардар ги искористи своите шанси и до врв ја наполни мрежата на кумановчани. Нововлезениот Левент Ибраим успеа да ги постигне сите три голови, во 66, 75 и 90 минута од мечот, за конечни 4:0 на овој дуел од помладата пионерска супер лига.
Вардар: Ангелов, Павлески, Анчевски, Јаневски, Милошевски, Љушев, Попов, Стоимов, Перковски, Идризи, Гуџуфи.
Во игра влегоа уште и Хајдари, Стојановски, Ибраим, Здравковски, Ричков и Ивановски.
Пионерите исто така се вратија на победничките патеки, со триумфот од 5:0 во денешното коло против Еуроспорт. За само две минути успеавме да постигнеме два гола, најпрво во 25 минута резултатот на 1:0 го отвори Георг Стојановски, за водството од 2:0 во 27 минута од мечот да го зголеми Петре Тасевски. Во последната минута од првото полувреме, во листата на стрелци се запиша и Андреј Стојчески кој зголеми на 3:0, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел постигнавме уште два гола во противничката мрежа, истите беа дело на нововлезениот Алек Саит кој погоди во 85 минута и на Георг Стојановски кој со својот втор погодок во 87 минута ги постави конечните 5:0 на овој меч од пионерската супер лига.
Вардар: Стојковски, Марковски, Ѓорѓиевски, Стојчески, Ѓоргоски, Живков, Давидовски, Стојановски, Мирков, Тасевски, Трпезановски.