Ракометниот клуб Вардар во наредните две недели го очекуваат четири навистина тешки дуели. Два од тие дуели се во регионалната СЕХА Гаспром лига и два во ЕХФ Лигата на шампионите. Во двете натпреварувања ги браниме ланските трофеии. Одлично стартувавме во регионалната лига со четити победи од исто толку мечеви сме лидери, првото место го држиме и во групата од ЛШ каде по три кола имаме максимален ефект.
Прв дуел кој ќе го играме е на програмата утре, 7/10/2017 кога во рамки на 4. коло од ЛШ гостуваме во Унгарија кај екипата на нивниот вице-првак ПИК Сегед. Овој дуел се игра со почеток во 17-30 часот. Следен предизвик за нас е на 14/10/2017 кога во следното 5.коло од европската елитна лига сме домаќини на ракометниот шампион на Шпанија, Барселона. Ние во “Јане Сандански“ ќе ги пречекаме каталонците со почеток во 17-30 часот. Потоа следуват два СЕХА дуела, првиот на 17/10/2017 исто така на домашен терен со екипата која ја совладавме во ЛШ, тимот на хрватскиот првак ППД Загреб. Исто така и овој дуел се игра од 17-30 часот. Последен предизвик во оваа низа и последен меч за овој месец октомври не очекува на 21/10/2017, во 17-45 часот кога гостуваме во Словенија. Ние во овој дуел од регионалната лига ќе се сретнеме со тимот на РК Целје.